Ракомет

Борозан имал сообраќајка, неизвесен за ЕП

Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан, синоќа имал сообраќајна несреќа, но за среќа поминал без сериозни повреди, објавија црногорските медиуми.

Сепак, постои можност играчот Борозан да го пропушти претстојното Европско првенство во Хрватска, што би било огромен хендикеп за репрезентацијата на Црна Гора.

Борозан се здобил со повреда на бутниот мускул и се соочува со двомесечна пауза.

Несреќата, наводно, се случила кога цетињанинот, во близина на родниот град ја загубил контролата на возилото и излетал од подмрзнатиот пат.

Борозан беше прогласен за најдобар црногорски спортист во 2017 година.