Ракомет

Офтедал МВП на ракометниот Мундијал

По завршувањето на Светското првенство за ракометарки што се играше во Германија и на кое шампионскиот трофеј го освои Франција, избран е идеалниот тим на Мундијалот, како и најкорисната ракометарка.

За МВП (најкорисна ракометарка) е прогласена Стине Бредал Офтедал од Норвешка.

Најдобар тим на Мундијалот:

голман – Катрине Лунда (Норвешка)
лево крило – Сираба Дембеле (Франција)
лев бек – Лоис Абинг (Холандија)
среден бек – Грејс Заади (Франција)
десен бек – Нора Морк (Норвешка)
десно крило – Натали Хагман (Шведска)
пивот – Ивет Брох (Холандија).

За најдобар стрелец на шампионатот е прогласена Нора Морк од Норвешка која постигна 66 гола.