Ракомет

ЖРК Вардар во јануари домаќин на ВРХЛ турнир

Во втората половина на јануари 2018 година Вардар ќе биде домаќин на третиот турнир од регионалната ВРХЛ лига. Трите натпревари се закажани за 19, 20 и 21 јануари во СЦ „Јане Сандански”.

Според договорениот план на играње на 19 јануари во 17 часот играат Вардар и Будуќност. Следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар. Сите натпревари се играат во 17 часот.

На претходните два турнири одржани во Подгорица и во Љубљана, нашите девојки победија на сите четири одиграни натпревари.

– Овие натпревари за нашите девојки ќе бидат последна контрола пред продолжувањето на натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите. На 27 јануари во ЕХФ лигата на шампионите сме домаќини на Мец, информираа од ЖРК Вардар.