Освежено 16:14:25
Петок, 28 Април 2017

Од 2012 година, од почетокот на вооружениот судир во Сирија, околу 300 лица од Косово се бореле на страната на терористичките организации Ал Нусра и Исламска држава, покажуваат податоците на косовската полиција.

islamska-dr-kosovo

Од тие две организации, ИД е попривлечна за косовските граѓани и воопшто за Албанците од сите делови на Западен Балкан, а моментно во воената зона има уште 80 косовски Албанци, додава полицијата, пишува МИА.

Според податоците на полицијата меѓу тие 300 лица на Косово, имало и жени и деца, кои се борат на страната на терористите.

Меѓу терористите има и 40 жени кои отпатувале заедно со своите мажи, а некои од нив ги повеле и своите деца.

- Се проценува дека има околу 300 припадници на ИД од Косово, кои отпатувале да војуваат во Сирија и Ирак. Меѓу нив има и жени и деца. Според нашите податоци таму моментно има 80 лица, изјави директорот на Дирекцијата за борба против тероризмот во косовската полиција, Љуан Кека.

Тој додаде дека според официјалните податоци околу 50 косовски граѓани се убиени за време на војната, додека најголемиот дел од нив се вратиле или се оддалечеиле од зоната на судири. 

- Еден број од нив се соочија со законски процедури кога се вратија на Косово, наведе Кека. 

Тој додаде дека косовската полиција нема информации дека од зоната на судирите се вратил Љавдим Мухаџири од Качаник, познат по злосторствата кои ги сторил за време на војната во Сирија. 

- Против него е издадена меѓународна црвена потерница и тој каде и да се појави сигурно ќе биде уапсен, рече Кека. 

Спорд него, косовските граѓани на терористичките групи им се приклучуваат преку Македонија, од каде од скопскиот аерордом патуваат за Истанбул, а потоа продолжуваат за Сирија и Ирак.

 

Спонзорирани линкови

  • 7 дена