Регион

Прв пат објавено во јавност: Руски научници пред Вучиќ потопија куче во „течност која дише” (ВИДЕО)

На социјалните мрежи објавено е видео на кое се гледа како руски научници пред српскиот претседател Александар Вучиќ ставаат куче во цефка. Покрај тоа на снимката се гледа дека цефката е исполнета со некоја течност.

Снимката ја прегледале повеќе од илјада луѓе, а меѓу коментарите може да се види дека на луѓето не им јасно што всушност се случува со кучето.

Во текст на руските медиуми за посетата на Вучиќ во Русија, се наведува дека на Вучиќ во таа прилика потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогожин задолжен за индустрија на вооружување му ги покажал резултатите од работата на Фондот на перспективни истражувања.

Како што се наведува, Рогожин на Вучиќ му прикажал неколку изуми, а едната од нив е „течноста која дише”.

Пред Вучиќ кучето е потопено во резервоар исполнет со течност која не содржи азот, кучето по одредено време е извадено живо и здраво од резервоарот.

– Вучиќ потоа го погалил кучето и признал дека е навистина импресиониран – наведуваат руските медиуми.

Станува збор за течност која би требало да ги елеминира условите за настанување на декомпресиона болест при спасување на морнари од потопени подморници, но исто така да спречи препрано раѓање на деца или спасување на луѓе чии дишни органи настрадале во пожар.