Регион

Запленет пола тон марихуана: Босанската полиција уапси 18 дилери на дрога

Босанската полиција уапси денеска 18 лица осомничени за шверц на дрога, и заплени рекордни половина тон марихуана.

Серијата полициски рации биле извршени во Зеница, Сараево, Травник и Какањ.

Големото количество марихуана било запленето во стан во Бијељина. Освен марихуана, групата шверцувала и хероин, јави новинската агенција Танјуг.