Вести

Чеси и Бугари фатени со 18 тони хашиш

Шпанските крајбрежни сили денеска од трговски брод, што пловел под знамето на Коморските острови, заплениле 18 тони хашиш, пренесе ТАСС, повикувајќи се на шпанските медиуми.

Во акцијата се приведени 13 членови на екипажот на бродот „Лејди бос“, 11 украински државјани и двајца Бугари.

Бродот бил пресретнат на околу 60 километри од брегот на провинцијата Алмерија, во автономната област Андалузија. Операцијата почнала пред една недела, кога бродот бил забележан од воздух.

Приведените треба да бидат изведени пред суд во Андалузија.