Вести

ИД презеде одговорност за нападот во Кабул

Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за денешниот напад врз разузнавачкиот тренинг центар во западниот дел на Кабул, јави агенцијата на ИД, Амак.

– Двајца бомбаши  самоубици го нападнаа разузнавачкиот тренинг центар во Кабул, наведе Амак.

Повеќе од два часа по нападот нема детали за инцидентот.

Претходно заменик-портпаролот на Министерството Насрат Рахими изјави дека се водат борби меѓу напаѓачите и авганистански безбедносни сили на кои им е испратено засилување.

Талибанците вчера извршија напад во авганистанската западна покраина Бадгис, при што беше убиен еден и повредени тројца полицајци.