Вести

Нова дрога „СОЛ“ зема замав: Поевтина е, но и поопасна од хероинот!

Нова дрога почна да се шири во Русија, а најранлива група се жени кои на крајот се занимаваат со илегални работи за да дојдат до нова доза. Во Русија ја нарекуваат „сол“, а во САД „сол за бањање“ или „психоактивна сол за бањање“.

Во САД се продава преку интернет, а главната состојка е МДПВ, односно Психоактивна супстанца мефедрон, илегален од 2010 година.

Конзумирањето предизвикува возбудување, халуцинации, психоза и срцев удар. Новата дрога може да се проголта, пуши или шмрка, но најголем ефект има, како и кај другите дроги со вбризгување со игла во вена.

Посебно загрижувачки е то што „Сол“ е поопасна и поевтина од хероин.

Порталот Деил Бест разговарал со пет корисници на „солта“ од градот Ирутска и сите признале дека се заразени со ХИВ и хепатит Ц.

За да купат доза, која чини помалку од 10 долари, некои заработуваат со проституција или препродавање на дрога.

Поради раширеното користење на таа дрога, популарната „народна поговорка во Иркутска стана вистинита: „Во Сибир има сол колкушто има и снег“.

„Сол“ силно влијае на здравјето на жените, смета на менстралниот циклус, не јадат и ги доведува до драматично губење на тежината.

Зависниците и нивните семејства и пријатели често не сфаќаат колку е тежок нивниот проблем.