Вести

Пукање на границата: Уште еден војник пребегал од Северна Кореја: “Се појави од густата магла”

Севернокорејските војници до границата на таканаречената демилитаризирана зона, за да го пронајдат војникот кој пребегал во Јужна Кореја.

Јужнокорејските војници испукале 20-тина куршуми за предупредување кон севернокорејските единици кои пришле до гранциата на демилитаризираната зона, во потрага по војникот кој пребегал на Југ.

Севернокорејскиот војник ја минал демилитаризираната зона и “излегол” од густата магла на контролната точка, објавила јужнокорејската војска.

“Нашата војска се погрижи за неговата безбедност, а агенциите ќе спроведат истражување за да ја дознаат позадината и мотивите за неговото бегство”, рекол портпаролот на Јужнокорејскиот заеднички стожер Рох Јае Чеон. Корејската ТВ станица KBS објавила дека инцидентот се случил во покраината Гангвон.

Ова е четврти севернокорејски војник кој оваа година пребегал и втор во последниот месец. Последниот кој побегнал на Југ претрчувајќи ја демилитаризираната зона, севернокорејските војници го раниле со дури пет куршуми. Меѓутоа, бил опериран и животот не му е во опасност.

По последното бегство, Северна Кореја почнала да ја засилува границата во подрачјето на демилитаризираната зона, па така еден службеник објавил фотографија на која се гледа како Севернокорејците копаат ров.