Вести

„Свис Ре“: 2017 една од најлошите години по предизвикана штета од природни непогоди

Швајцарската осигурителна компанија „Свис Ре“ информира дека во 2017 година трошоците предизвикани од природни катастрофи пораснале на 306 милијарди долари, што е за 63 проценти повеќе од лани.

Најмногу штета била нанесена во Јужна и Средна Америка, кои беа погодени од серија разурнувачки урагани, земјотреси во Мексико, а при крајот на годината избија и големите шумски пожари во Калифорнија.

На глобално ниво бил уништен осигуран имот вреден 136 милијарди долари, што е двојно повеќе во споредба со минатата година, и е трета најголема годишна загуба во историјата.

Според „Свис Ре“’, и покрај значителното зголемување на материјалните штети, 2017 година не довела до зголемување на бројот на човечки жртви.

People inside houses wait to be rescued as the houses are submerged in water flooded from a river in Joso, Ibaraki prefecture, northeast of Tokyo Thursday, Sept. 10, 2015. Heavy rain is pummeling Japan for a second straight day, overflowing rivers and causing landslides and localized flooding in the eastern part of the country. (Kyodo News via AP) JAPAN OUT, MANDATORY CREDIT

Разните несреќни случаи и природни катастрофи предизвикале околу 11.000 жртви, што е приближно на исто ниво како и минатата година.