Вести

ВИДЕО: Со автомобил влетал меѓу луѓе во Мелбурн, 16 повредени, едно дете во критична состојба

Австралиската полиција денес го уапсила возачот на теренското возило “Suzuki SUV”, кој влетал во маса луѓе на раскрсница во Мелбурн, а меѓу повредените има и дете во претшколска возраст, кое со повреда на главата е префрлено во болница.

Полицијата го уапсила напаѓачот и уште еден маж, а моментално ги испрашува за да утврди дали станува збор за несреќа или за напад.

Локалниот сајт “The Age” објавил и дека еден од полицајците кажал дека станува збор за терористички инцидент.

Автомобилот наводно влетал во трамвајска станица, а возачот е уапсен.

Две лица биле одведени во болница, вклучувајќи и едно дете, кое е во тешка состојба. Тоа со повреди на главата било префрлено во болница.

Полицијата на сојузната држава Викторија соопштила дека автомобилот “удрил во поголем број пешаци” на улицата Флиндерс во центарот на градот.

Се наведува дека полицијата побарала од населението да го избегнува ова подрачје и дека не објавила дали инцидентот има врска со тероризам.