Вести

Во Авганистан за 12 месеци запленети околу 650 тони шверцувани дрога и алкохол

Во изминатите 12 месеци во Авганистан се запленети речиси 650 тони шверцувани наркотици и алкохол, изјави авганистанскиот заменик-министер за внатрешни работи Баз Мохамад Ахмади.

Тој истакна дека конфискуваните наркотици се сиров опиум, хероин и хашиш.

Во истиот период полицијата уапсила 2.683 шверцери од кои 67 жени. За недозволена трговија приведени се и 20 полицјаци и 17 војници.

Во Авганистан се зголемува одгледувањерто на афион и покрај милијарди долари донирани за борба со шверц на наркотици во изминатите десет години, вклучително и програми за насочување земјоделци да одгледуваат други растителни култури.