Вести

Вооружени судири во Рио

Во неколку делови на бразилскиот град Рио де Женеиро вчера избувнаа вооружени судири меѓу полицијата и шврцери на дрога, поради што Владата на Бразил издаде наредба за затворање на повеќе патишта и училишта и побара интервенција на Армијата.

Бразилскиот министер за одбрана Раул Јунгман соопшти дека само околу најголемата фавела во Рио, каде што се и најжестоките судири, ќе бидат распоредени околу 950 припадници на Армијата.

Локалните медиуми јавија судирите започнале кога припадници на полицијата започнале операција против шверцерите на дрога во неколку фавели.

Јунгман најави дека војниците ќе им пружат поддршка на полицијаците во нивната акција против шврецерите на дрога.