Освежено 16:14:25
Недела, 25 Јуни 2017

Шест лица се повредени во експлозијата кај метро станицата во Истанбул, превозот е запрен, а причините за експлозијата се уште се нејасни.

eksplozija-istanbul500

Турската телевизија НТВ јави дека во метрото избувнала експлозија, а оти се уште е неизвесно дали е предизвикана од бомба или дефект на трансформатор. Во паниката која настанала повредени се шест лица.

Атила Ајдинер, претседател на општината во која се наоѓа станицата Бајрампаша, во европскиот дел на градот, вели дека експлозијата е предизикана од бомба, додека гувернерот на Истанбул вели дека „се испитуваат сите можности“.

Ајдинер, за телевизијата „А Хабер“ изјавил дека бомбата експлодирала на надвозникот во близина на станицата Бајрампаша во време на најголем метеж во сообраќајот.

Телевизијата НТВ исто така соопшти дека експлозивното средство најверојатно се наоѓало под паркиран автомобил.

- Причините за експлозијата не се јасни, ги истражуваме сите можности, рече гувернерот на Истанбул Васип Шахин, јави Анадолија.

Силната експлозија била слушната на многу места во европскиот дел на Истанбул. Движењето на метрото е времено прекинато. Во областа биле испратени возила на итна помош, полицијата и противпожарните служби.

Телевизијата „Хабертурк“ претходно соопшти оти едно лице загинало, но таа информација не беше потврдена. 

Спонзорирани линкови

  • 7 дена