Освежено 16:14:25
Четврток, 23 Март 2017

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу синоќа изјави дека не очекува Русија да ја прекине испораката на природен гас за Турција, но дека сепак Анкара е подготвена и за такво евентуално сценарио.

davutoglu.jpg-500

- Мислам дека Русија нема да ја прекине испораката на гас. Имаме меѓусебни обврски, кои се регулирани согласно меѓународното право, изјави Давутоглу во интервју за телевизијата Хабертурк.

Тој сепак нагласи дека неговата Влада му наложила на Министерството за енергетика да разгледа различни алтернативи во случај на прекин на испораката на руски гас.

- Што и да се случи, нашиот народ ќе ја покаже пожртвуваноста за татковината и за честа, нагласи Давутоглу. 

Русија и испорачува гас на Турција преку црноморскиот гасовод „Син поток“ и преку „Трансбалканскиот гасовод“, што минува низ Украина.

Спонзорирани линкови

  • 7 дена