среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

АБА лига: Добредојдовте назад стари пријатели

АБА лига: Добредојдовте назад стари пријатели

Следната година македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром пак ќе заигра во првата АБА лига.

Како домаќин на завршниот турнир во АБА2 лигата, аеродромци ќе играат во финалето и без оглед на исходот ќе се вратат во елитата следната сезона.

Поради пласманот, честитки на адреса на македонскиот првак пристигнаа и од челниците на АБА лигата. На официјалниот Твитер профил, Јадранската лига напиша: „Добредојдовте назад, стари пријатели“.