четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Чудо без печење кое се топи во устата: Бела торта со портокал која е готова за 10 минути!

Чудо без печење кое се топи во устата: Бела торта со портокал која е готова за 10 минути!

Доколку сакате кремасти слатки кои брзо се прават и ги јадете уште побрзо, имаме одличен предлог за вас… Комбинацијата од фил од павлака со портокали и бисквити е освежителна, лесна, а за оние кои ја прават посебно олеснување е дека е готов за речиси десет минути.

За љубителите на портокали и кремасти филови – совршено!

Состојки:

200 гр бисквит
250 гр портокали
300 мл сок од портокал
100 гр шеќер
100 ml вода
40 гр скроб

Фил:

300 гр кисела павлака
100 гр шеќер во прав
100 мл слатка павлака

Подготовка:

Најпрво бисквитите потопете ги во сокот, па наредете ги во плех или сад.

Изматете ја павлаката и шеќерот, па додадете ја слатката павлака. Промешајте со миксер и соединете. Прелијте со бисквитот.

Исечкајте ги портокалите и варете ги со шеќер. Кога ќе ја испуштат водата, додадете ја водата измешана со скробот и варете додека не се згусне. Мешајте постојано.

Филот прелијте го со лажица, а потоа со чепкалка или рачка за лажица распоредете го врз филот за да направите шара.

Оставете да се излади два часа во фрижидер.