петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Домаќините на Олимписките игри во 2030 и 2034 година ќе бидат избрани истовремено

Домаќините на Олимписките игри во 2030 и 2034 година ќе бидат избрани истовремено

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) истовремено ќе ги избира домаќините на Зимските олимписки игри 2030 и 2034 година. Оваа одлука беше донесена со мнозинство гласови на 141. седница на комитетот што се одржува викендов во Мумбај, Индија.

Одобрувањето на местата за двете Олимписки игри ќе се случи следната година на седницата на МОК во Париз.

САД, Швајцарија и Франција се кандидираат за домаќини на Зимските игри.