понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Доналд Трамп ги седна Србија и Косово на маса, потпишан историски договор за двете земји

Доналд Трамп ги седна Србија и Косово на маса, потпишан историски договор за двете земји

Долгоочекуваниот договор меѓу Косово и Србија , со посредство на Соединетите американски држави, за нормализирање на меѓусебните економски односи беше потпишан попладнево во Белата Куќа.

Своите потписи на договорот ги ставија српскиот претседател Александар Вучиќ , косовскиот премиер Авдула Хоти и американскиот лидер, Доналд Трамп.

Потпишувањето се случи со ненајавено одложување и откако косовската делегација не заминала навреме кон Белата Куќа. Како што пренесуваат известувачите од Вашингтон, причина за тоа е несогласувањето со делови од договорот кое го истакнал поранешниот премиер и лидер на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај.

Станува збор за езерото Газиводе, кое е дел од документото а според Харадинај, Србија на овој начин добива пристап до косовските ресурси.

Сепак претседателот на Косово, Хашим Тачи, на својот твитер профил го поздрави потпишувањето на договорот, додавајќи дека најмладата република на Балканот ќе продолжи да работи за економскиот развој, отворање работни места и дополнителна внатрешна и меѓународна консолидација.

Српските медиуми пренесуваат и дека неофицијално, во договорот ја нема точката со која Србија го признава Косово како независна држава а ги содржи одредбите за мини шенген зоната, повеќе инфраструктурни проекти и заштита на српските свети места.

Во договорот се вметнати и делови за кои може да се каже дека се дел од надворешната политика на Трамп. Според информациите, Србија се согласила да ја премести израелската амбасада во Ерусалим додека нормализирање на дипломатските односи ќе воспостават и Косово и еврејската држава. Ваквата одлука секако е дипломатска победа за Трамп, кој во Мај 2018-тата ја пренесе американската амбасада во Ерусалим, признавајќи го и за главен град на на Израел.