вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ева Лонгорија доби своја ѕвезда на Патеката на славните

Ева Лонгорија доби своја ѕвезда на Патеката на славните

Актерката Ева Лонгорија доби ѕвездата на холивудската Патека на славните.

Таа се појави на свеченоста во поодмината бременост, придружувана од нејзината пријателка, некогашна членка на поп-групата „Спајс Грлс“, Викторија Бекам.

Ѕвездата од ТВ сапуницата „Очајни домаќинки“, Лонгорија е скоро пред породување со своето прво дете, со свршеникот Хозе Бастон.

На свеченоста присуствуваа и Фелисити Хафман (уште една „очајна домаќинка“), потоа Рики Мартин, Мелани Грифит и многу други познати личности од шоу бизнисот.

Најнови вести