среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролига: Барселона победи кај Партизан, Фенер го растури Панатинаикос

Евролига: Барселона победи кај Партизан, Фенер го растури Панатинаикос

Барселона остана нерешлива енигма за Партизан во Евролигата. Каталонците вечерва победија во Белград со 92:83. Во исто време Фенербахче го декласира Панатинаикос со 83:69. Конечниот резултат не ја покажува доминацијата на турскиот тим.

Барселона и по третото коло нема пораз во Евролигата, додека Партизан го запиша вториот пораз. Барселона, со исклучок на воведните минути, константно имаше предност.

Најефикасен актер на теренотбеше Николас Лапровитола со 20 поени и дури шест тројки од 10 обиди. Го следеа Вили Ернангомез и Оскар Да Силва со по 15, односно 13 поени, а двајцата имаа по четири скока. Двоцифрен беше и Јан Весели со 12 поени и шест скока, а на скокот особено добар беше Џабари Паркер со 11 скока топки и девет поени. Кај Партизан се истакна Џејмс Нанали со 14 поени, Пи Џеј Даузер додаде 13 и имаше пет асистенции. Двоцифрен беше и Зек Ледеј со 12, Пантер и Аврамовиќ постигнаа по 11.

Избраниците на Димитрис Итудис го победија дома Панатинаикос со 83:69 (27:9, 16:19, 24:17, 16:24). Првиот период Фенер го доби со 18 поени разлика и тука беше решен победникот. Во последниот период домаќините дојдоа до највисоката предност 72:47 и тука застанаа, па Панатинаикос извлече присотен пораз.

Фенербахче до победата го предводеа Јоргос Папајанис со 15 поени, Џонатан Мотли со 14 поени, Марко Гудуриќ и Ник Калатес постигнаа по 12 поени. Кај Панатинаикос подобар од останатите беше Матијас Лесор со 19 поени.