среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Гостивар: 9,9 милиони евра од Владата, нема цент за општината – Владата продолжува да ја дискриминира општина Гостивар

Гостивар: 9,9 милиони евра од Владата, нема цент за општината – Владата продолжува да ја дискриминира општина Гостивар

Од 9,9 милиони евра средства за реализација на инфраструктурни проекти од програмата ТАВ-Македонија, Гостивар не доби ниту цент. Владата рече дека продолжува да работи за правичен регионален развој, но на терен работи поинаку, се вели во реакцијата на Општина Гостивар.

Со 9,9 милиони евра ќе се финансира изградба на водоводни мрежи, канализација, реконструкција на патишта и образовни институции. Од Општината велат дека иако Гостивар се натпреваруваше со повеќе проекти, никој од нив не беше прифатен од Владата.

Гостивар е вклучен со 30 милиони денари за болницата! Единствена општина каде се инвестира во болница, институција која не е во надлежност на Општината и за која треба да се грижи Министерството за здравство. Со овој гест, централната власт сака да го направи Гостивар лош во пресрет на локалните избори затоа што наводно во единствената урбана општина предводена од албанската опозиција, недостасуваат инвестиции.

-Гостиварци не сакаат асфалт, водовод и предизборна канализација, бидејќи сите нивни потреби и покрај препреките од Владата се задоволени. Успешно го лансиравме и со тоа го завршивме четиригодишниот мандат. Подготвени сме со гостиварци и ќе освоиме уште еден успешен мандат, порачуваат од Општина Гостивар.