среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Игра на тронови: Кој е вашиот идеален партнер според хороскопскиот знак?

Игра на тронови: Кој е вашиот идеален партнер според хороскопскиот знак?

Ако сте дел од големата еуфорија за серијата „Игра на тронови“, тогаш веројатно имате омилена личност од сите ликови. Одвен одличните сценарија, непредвидливи свени, интересни костуми, не можеме а да не останеме рамнодушни на сите ликови.

Кој од ликовите е компатибилен со вашиот хороскопски знак:

Овен – Подрик Пејн

Со оглед на тоа дека сте полни со самодоверба и сакате да доминирате, идеален партнер за вас е слаткиот Подрик. Тој ќе сака да научи многу нешта од вас, бидејќи како жена родена во овој знак се природни лидери, па ваква нежна душа е совршена за вашиот темперамент.

Бик – Џакен Хгар

Џакен Хгар е идеален избор за авантура, бидејќи е непредвидлив  и може да исчезне баш кога ќе почнете да се заљубувате. Девојките во овој знак сакаат предизвици, па ваква личност може да донесе многу интересни моменти во нивниот живот.

Близнаци – Питер Беилиш

За Близнаците често се вели дека во себе кријат повеќе личност, па затоа „Малиот прст“ е идеален за вас. Тој се однесува како му одговара во текот на целата серија и тоа е нешто што многу одговара на вашиот карактер.

Рак – Џендри Баратеон

На нежните жени родени во овој знак ќе им одговара личност која ќе им понуди љубов и сигурност и кој кон нив ќе се однесуваат како со принцеза. А, Џендри во себе има кралска крв и манири со кои е совршен за тоа.

Лав- Џејми Ланистер

На Лавиците им треба Лав, нели? Затоа Џејми е одличен избор за Лавиците. Совршено ќе се вклопи со вашата доминантна личност. Единствен проблем е што е претерано близок и поврзан со својата сестра, но сигурни сме дека ќе направите сè за да го промените тоа.

Девица – Сивиот црв

Нежната душа како Сивиот црв најдобро ќе се сложи со емотивните и перфекционистички настроени Девици. Тој е личност кој својата девојка ќе ја направи сакана и почитувана, а ќе и остави простор и да биде своја. Совршен за секоја Девица.

Вага – Сер Џора Мормонт

Ќе признаете дека на сите нас ни е потребен еден Џора во животот. Верен до крај, кој би направил сè за вашата среќа. Дали е ова мажот кој го чекавте целиот живот? Годините можеби ќе бидат проблем, но ве очекува совршена љубов.

Шкорпија – Кхал Дрого

На огнените и страствени Шкорпии им треба страст и љубовник кој ќе им нуди незаборавни ноќи. Затоа тој е идеален за вашиот хороскопски знак. Под неговата груба површина се крие нежна душа, која може многу да ве сака.

Стрелец – Оберин Мартел

На Стрелците им е потребен некој кој е интересен, љубопитен и секогаш подготвен за авантурата која тие секогаш ја планираат. Бестрашниот и харизматичен Оберин е личност која и треба на секоја жена родена во овој знак.

Јарец – Џон Сноу

Иако можеби сте го заштитиле своето срце и не сакате да се заљубите, некој како Џон Сноу ќе ги сруши сите ѕидови и ќе внесе љубов во вашиот живот. Нежен, но и бестрашен кога е тоа потребно, Џон Сноу е одличен спој за одважените,но и традиционални жени родени во овој знак кој го чекаат г-дин Совршен.

Водолија – Дарио Нахарис

Дали треба да кажеме нешто за да ве убедиме зошто тој е најдобриот партнер за вас? Тој ги поседува двата најголеми таленти :  да заведува и да се бори. Освен тоа, тој е паметен и остроумен, за што сонува секоја Водолија.

Риби – Роб Старк

Чесен, грижлив и нежен. Роб Старк е вистинска комбинација за девојките родени во овој знак, кој мечтаат за љубовта и ја идеализираат и го чекаат својот принц од бајките.