четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италија: 148 смртни случаи од коронавирусот

Италија: 148 смртни случаи од коронавирусот

Бројот на смртни случаи од епидемијата на коронавирус во Италија се зголеми за 41 лице во изминатите 24 часа и достигна 148, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита, додавајќи дека заразата и понатаму не покажува знаци на намалување.

Вкупниот број на регистрирани случаи во оваа земја, која е најтешко погодена од новиот вирус во Европа, изнесува 3.858, што е за 767 лица повеќе од вчера.

Заразата се појави пред 14 дена, главно во северниот дел на Италија, меѓутоа, моментно заболени лица има во сите 20 италијански региони.