понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

КОЛУМНА: А за што тоа Заев не не излажа?

КОЛУМНА: А за што тоа Заев не не излажа?

Некое момче, за синоќешниот дуел меѓу Заев и Мицковски пишува дека ако сме сакале да бидеме реални, требало да признаеме дека на опозицијата секогаш и е полесно отколку на власта, сакајќи веројатно да побара одмереност во квалификациите за Заев при оценките за тоа кој синоќа победил. Но, сепак, ете и на момчето му пречело што Заев излажал за платите, за мерцедесот, за … и за што уште не. Што потсетува на оној дел од филмот „Житието на Брајан“ кога водачот и единствен член на некој си Јудејски фронт, барајќи борба против Римјаните, прашува: А што тоа тие сториле за нас? Па следи канонадата, прво срамежливо, а потоа и погласно: Изградија канализација, па патишта, па водовод, па…

Отприлика на тоа може да се сведе и синоќешниот дуел, на прашањето: А што тоа излажа Заев? Па, на пример, за тоа дека уште во Шпигел рекол дека нема да се менува Уставот, а сега го нуди истиот тој Устав на тацна, само и само ако добие помош од тие, за кои во пораката на Мендух Тачи му пишува дека го спремаат, односно ако му обезбедат 80 гласа, што во превод значи нови избори кои ќе бидат фалсификувани во негова полза и нови четири години премиерска фотелја. Па дека не се возел во мерцедесот, па дека платите ќе биле 30.000 денари, па дека ќе сме имале над 3 отсто пораст на БДП… и сега можете да редите понатаму како што ви сака душата.

Но, било каков осврт на синоќешниот дуел паѓа во вода пред фактот дека Заев неколку дена пред соочувањето со Мицковски излажа за уште нешто. Имено, независно од тоа дали се согласувате со предлогот или не, тој рече дека со Ципрас се договриле за името Република Илинденска Македонија, по што, за ден или два, беше демантиран, односно Грците експресно го отфрлија тоа што наводно било договорено. Така што, Грците само кратко пред дуелот избришаа под со Заев, го треснаа од земја така силно што не само нему, туку на цела Македонија и нанесоа невиден срам (вклчучувајќо го тука и мнозинството во РМ кое не се согласува со Илинденска Македонија), па оттука, да бевме нормално и колку-такво здраво општество, Заев немаше ни да се појави на било каков дуел. Што тогаш да разговарате со човек за кој е познато дека на секои пет минути ги менува изјавите и дека тоа што во овој момент го кажува, ќе важи не подолго од времето потребно за да излезе низ врата.

Но, кога веќе дојде на дуел, тргна неговата канонада во стилот „а што тоа Римјаните“ излажаа. И пак доаѓаме до платите, до мерцедесот (неверојатно е дека се осмели да лаже дека никогаш не седнал во него), па за тоа дека се е чисто во случајот со типот што во кеш купил плац за 700.000 евра, па после се откажал од него во полза на Заеви во замена за стан од 40-тина метри (даваш 700.000 евра за да добиеш 40.000 евра – тоа само во Заевстан го има), па дека медиумите сега биле слободни, па судството се отворило како пупка, па за тоа каква е состојбата со економијата, па за …

Така, од прашањето што се излажа Заев, доаѓаме до прашањето: А за што тоа Заев всушност не не излажа?

Оттука, кога имате таков човек кој што нелегално ја врши функцијата премиер на Илинденска Македонија, а лаже како да е роден со благослов на трите мудреци за тоа, нема што многу да се каже. Неговиот контра аргумент беше дека се што тој прави (договорот со Бугарија и преговорите со Грција со кои отиде во област во која што ниту еден македонски премиер досега не стапнал, уривајќи ја тотално позицијата на Републиката) е за да влеземе во ЕУ во која граѓаните ќе имале повеќе пари. Фактички, човекот ни соопшти дека не ставил во еден од оние амстердамски излози во кои седат курвите, односно дека се проституира со нас, а со Грците само се ценкаат за цената. Додека во меѓувреме, Вицето дома трупа пари. После ова, што друго да кажете за тој дуел, независно од тоа колку Заевите гаврани се обидуваа денеска да ја минимизираат штетата. А таа е прилично немерлива.

Но, ајде уште еднаш да видиме некои податоци. БДП од нула отсто во 2017 година, со предвидувања околу 2,5 отсто за оваа година, а задолжување кое далеку ќе го надмине тој пораст. Потоа, платите од 30.000 денари (тие ни станаа фиксација, како да се некоја сума со која можете германски да живеете) за кои стана јасно дека реално се недостижни, зашто во наредните три години треба да раснат со 11 отсто годишно, за да се стигне до ветената сума, што е невозможно. Кога веќе тоа се случило, и само овие две бројки се доволни за да заврши приказната со оваа т.н. влада која ја почна својата работа со најавата на Заев дека ќе ја уривал оградата пред владината зграда, а од железото ќе правел клупи. Се сеќавате на таа бесмисленост, нели?

При тоа, не е битна оградата, битен е начинот на размислување на овој човек кој очигледно поаѓа од тоа дека странците го поддржуваат затоа што се нафатил да го смени името на државата и дека додека тоа не го изврши, дозволено му е да прави што сака, вклучувајќи го тука и лажењето и глупостите како таа со оградата. И тука, нема што повеќе да се каже, тоа е нивото на општествената свест која владее со државата во овој момент, уште помалку за тоа кој кого надвјасал во синоќешниот дуел.

Патем, целата негова подготовка за одбрана на Илинденска Македонија во дуелот се сведуваше на тоа дека на прилично неинвентивен начин штабот му подготвил напад во стилот „што имаш ти против Илинден“. Не вреди многу да ја објаснуваш која е разликата меѓу Илинден и преименувањето на државата во услови кога „шармираните соседи“ го влечеа првиот човек на извршната власт по под, па го кренаа, па го треснаа од земја, па повторно го влечеа по под. Со тоа што, тие не го ни плаќаат за такво нешто, како што на Глигоров му нуделе милион долари. Не, Заев и неговите си наплаќаат од нас, што отприлика значи дека ние самите си го финансираме кланот Заеви, шармерот Димитров и раскошната косичка на Шаќеринска, за да ни го сменат името, за што сведок е токму човекот кој трампал 700.000 евра за стан од 40 м2 и тука наводно се чисто (не се грижете за Заеви, бидете сигурни дека професионалецот Јовевски не го гледал овој момент од дуелот).

Така што, вчера бевме сведоци на една прилично поразителна епизода на т.н. премиер на Македонија. Проблемот е што на крај, тој од ваквите епизоди ќе се извлече со уште кој знае колку милиони, а поразите ќе ни се треснат нам од глава. Ние ќе останеме и без 30.000 денари и без држава која сигурно ќе остане надвор од вратите на ЕУ, бидејќи таму не сакаат да примаат држави кои тргнале кон својот распад.

Дарко Јаневски