сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Kривична пријава 79-годишен жител од гостиварско за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“

Kривична пријава 79-годишен жител од гостиварско за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Х.(79) од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 12.09.2022 во Гостивар, во домот на А.М.(25), пријавениот со остар предмет му се заканувал.

Наредниот ден, полициски службеници го лишиле од слобода пријавениот и му го одзеле предметот.