вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марадона: Ако Аргентина продолжи да игра лошо, Сампаоли нека не се враќа дома

Марадона: Ако Аргентина продолжи да игра лошо, Сампаоли нека не се враќа дома

Легендарниот фудбалер Диего Марадона смета дека е срамно ремито на Аргентина со Исланд и го предупреди аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли да не се враќа дома, доколку неговите избраници продолжат да прикажуваат како тим лоша игра.

Иако од натпреварот поминаа два дена страстите се уште не се смируваат, а Марадона, кој во живо го гледаше натпреварот, вели дека „аргентинските фудбалери се нервозни“.

– Резултатот против Исланд беше срамотен. Натпреварот не беше подготвен на вистински начин. Се знае дека Исланѓаните се високи. Не ги обвинувам играчите, особено не Меси. Јас пет пати сум промашил пенал и понатаму останав Марадона. Но, доколку тимот продолжи вака лошо да игра, Самполи подобро нека не се враќа дома, истакна Марадона.

Неискористениот пенал на Лионел Меси му помогна на Исланд да стигне до првиот бод воопшто на светските првенства.

МИА