среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Марихуана, амфетамин и таблети МДМА пронајдени при претрес во домот на струмичанец

Марихуана, амфетамин и таблети МДМА пронајдени при претрес во домот на струмичанец

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Т.(45) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 16.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Струмица, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и таблети МДМА.