петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Маж 55 години живее затворен во својата куќа: „Исклучително се плашам од жените“ (ВИДЕО)

Маж 55 години живее затворен во својата куќа: „Исклучително се плашам од жените“ (ВИДЕО)

Каликсте Нзамвита, 71-годишен маж од Руанда, живее во изолација 55 години поради неговиот „екстремен страв од жени“. Наводно, последните 55 години ги поминал во самонаметнат егзил, поточно се затворил во својот дом за да избегне каков било контакт со жени.

Нзамвита почнал да се изолира на 16-годишна возраст, што значи дека прави се, од спиење, чистење, готвење, мокрење во својот мал затворен простор.

Иако никогаш не му била дијагностицирана, се верува дека Нзавита страда од гинофобија, многу ретка состојба опишана како „ирационален страв од жените“.

-Причината поради која се заклучив внатре и имам ограда на мојата куќа е затоа што сакам да се погрижам жените да не ми се приближат, вели Нзамвита.

„Кога се обидуваме да му помогнеме, тој не сака да му пријдеме или да разговараме со него. Наместо тоа, му даваме работи така што ќе му ги фрлиме. Не ни дава да му се доближиме, но тоа што му го нудиме, сепак го зема од далечина“, вели еден од неговите соседи.

Да се ​​живее таков затскриен и осамен живот можеби изгледа како невозможен предизвик за повеќето луѓе, но Нзамвита изгледа задоволен со овој начин на живот. Овој човек кој живее во многу скромни услови има намера да продолжи да живее на истиот начин како што живее повеќе од половина век.

-Начинот на кој живеам е сосема доволен за мене. Никогаш не сум размислувал да имам жена и сосема ми е добро со тоа. Не сакам жени околу мене бидејќи многу ме плашат, изјави Нзамвита.

Овие специфични фобии често може да се развијат во детството или адолесценцијата и може да станат помалку сериозни како што стареете. Вообичаени примери на специфични фобии вклучуваат страв од одредени животни, како кучиња, или страв од одредени активности, како што е летање.