среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мелбурн: Ѓоковиќ го испитуваат во посебна соба на аеродромот, се помали се шансите да му се дозволи влез

Мелбурн: Ѓоковиќ го испитуваат во посебна соба на аеродромот, се помали се шансите да му се дозволи влез

Откако објави дека ќе учествува на Аустралија Опен врз основа на правото на ослободување од вакцинација против ковид-19, светски тенисер број еден слета на аеродромот во Мелбурн, но се уште не му е дозволен влез во земјата.

Владата на државата Викторија одби да му дозволи на Новак Ѓоковиќ влез врз основа на тој документ и тоа го соопшти само неколку часа пред слетувањето на авионот.

Агонијата трае со часови, а српскиот тенисер не може да го користи телефонот.

Според Пол Сакал, новинар на австралискиот весник „The Age“, драмата не е завршена, но тој предвидува дека е поблиску сценариото според кое Новак нема да настапи на Австралија опен.

Откако одлучи да учествува на првиот Грен слем во 2022 година и објави дека ќе оди во Австралија врз основа на правото на ослободување од вакцинација против ковид-19, светски тенисер број еден Новак Ѓоковиќ слета на аеродромот во Мелбурн, но се уште не му е дозволен влез во земјата.

Владата на државата Викторија одби да му дозволи на Новак Ѓоковиќ влез врз основа на тој документ и тоа го соопшти само неколку часа пред слетувањето на авионот. Освен медицинското ослободување, проблем за влез на Ѓоковиќ во Австралија е и видот на визата што ја бара неговиот тим. Од Камбера стигна вест дека визата нема да биде проблем, но мора да биде валидна медицинската документација.

Конечната одлука треба да ја донесе граничната полиција која е независна во проценката, но најновите информации сведочат дека се може да заврши на негова штета.

Според Пол Сакал, новинар на австралискиот весник „The Age“, драмата не е завршена, но тој предвидува дека е поблиску сценариото според кое Новак нема да настапи на Австралија опен.

„Во 05.30 часот, шест часа откако Новак слета во Мелбурн, тој се уште е испрашуван од претставници на граничната полиција во собата на аеродромот. Ги оценуваат документите кои го потврдуваат неговото ослободување од вакцинација. Изворот вели дека колку подолго трае, толку се помали шансите да му биде дозволен влез“, напиша Сакал.

Агонијата трае со часови, а српскиот тенисер не може да го користи телефонот, според информациите пристигнуваат од Австралија. Еден од најчестите коментари е дека Австралијците го третираат како илегален имигрант.

Владата на Викторија не сака да учествува во нешто што се смета за исклучителен третман на првиот тенисер во светот, особено по големите протести во локалните медиуми и јавноста, бидејќи државата беше во целосен карантин речиси 19 месеци.

„Новак Ѓоковиќ треба да докаже дека има соодветно медицинско ослободување од вакцинација против ковид-19 кога ќе слета во Австралија или во спротивно ќе биде во следниот авион кон дома“, рече премиерот Скот Морисон.

Тениската федерација на Австралија и владата на австралиската држава Викторија објавија дека Ѓоковиќ е еден од малкумината кандидати меѓу 26-те тенисери кои побарале изземање од вакцинација, но дека не добиле посебен третман во анонимниот процес на аплицирање.

„Никој не знаеше кој е апликантот. Тоа се лични, приватни, доверливи медицински информации кои немаме право да ги споделуваме јавно – но многу е јасно во упатствата под кои услови е дадено ослободувањето“, рече Крег Тајли, директор на Австралија опен.

Организаторите на Аустралија Опен и Здравствената комисија ги донесоа сите одлуки за изземањето едногласно.