среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје 2 пред опстанок во лигата

МЗТ Скопје 2 пред опстанок во лигата

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Уни Банка забележа важна победа на домашен терен против Вардар со 85-78 во рамки на плеј-аутот и една победа е пред опстанок во лигата.

Новиот систем на федерацијата наложи четирите тима да играат по два меча, а првиот кој ќе дојде до две победи, обезбедува прволигашки статус и наредната сезона.

Прво име кај МЗТ Скопје Уни Банка беше Роб Монтгомери со 17 поени и 13 скока, пред Михаил Наумоски со 16 поени.

Кај Вардар, најефикасен беше Диксон кој играше 40 минути и заврши со 38 поени и 12 скока.