среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Монте Карло

Организаторите на АТП-турнирот од Мастерс серијата во Монте Карло објавија дека Новак Ѓоковиќ добил дозвола за настап и ќе биде дел од најдобрите светски тенисери на престижното натпреварување.

Пред неколку дена и самиот Ѓоковиќ изјави дека голема е веројатноста да настапи во кнежевството, а денес стигна и официјална потврда дека најтрофејниот тенисер во светот ќе се обиде да стигне до третиот трофеј во Монте Карло.

Освен Циципас, најголеми конкуренти на Ѓоковиќ ќе му бидат Рафаел Надал, Каспер Руд, Карлос Алкараз, Тејлор Фриц, Данил Медведев и уште неколкумина тенисери од самиот светски крем..

АТП Мастерс турнирот во Монте Карло ќе трае од осми до шеснаесетти април.