четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Аеродром бара граѓаните да пријават загадувач, инспекторите ќе работат до 22 часот

Општина Аеродром бара граѓаните да пријават загадувач, инспекторите ќе работат до 22 часот

Инспекциската служба на Општина Аеродром од 1 ноември го продолжи работното време до 22:00 часот секој работен ден, соопштуваат од Општината.

-Инспекторите работат во две смени и вршат секојдневни контроли на целата територија на општината од областа на животната средина, загадувањето на воздухот, несовесно фрлање шут и отпад и други нерегуларности. Службите се дежурни и во викендите, а граѓаните своите забелешки можат да ги пријават на дежурниот телефонски број 075/316-515. Инаку, во текот на ноември инспекторите изрекле 19 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за фрлање ѓубре на јавна површина, како и за изложување земјоделски производи на јавна површина. Исто така, имаше и три интервенции за палење оган на јавна површина, од кои една во Долно Лисиче и две на улицата „Граврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче. За палење оган се изречени и повеќе од 15 опомени, се наведува во соопштението.

Од Општина Аеродром соопштуваат дека инспекциските служби во текот на ноември извршиле и мерење бучава на две локации, од кои на едно место е изречена и парична казна за надминување на дозволената граница на бучава.

Овој месец се исконтролирани сите градилишта на територијата на Општината и им се изречени опомени да не ги напуштаат градилиштата со валкани тркала.