понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рафаел Надал 900 недели во ТОП 10 на АТП листата

Рафаел Надал 900 недели во ТОП 10 на АТП листата

Рафаел Надал собори уште еден нов рекорд. Тој стана првиот тенисер кој поминал 900 последователни недели во Топ 10 на АТП листата и дојде на 100 недели од тенискиот рекорд кој го држи Мартина Навратилова.

Тој и Навратилова се генерално единствените луѓе кои завршиле 900 последователни недели во Топ 10, а Надал е единствениот тенисер кој надминал 800.

Рафа дебитираше во првите десет на 25 април 2005 година и оттогаш не се симна од листата на најдобрите. Тогаш тој имаше само 18 години, а за две недели ги освои Мастерсот во Монте Карло и турнирот во Барселона, што му овозможи да се искачи на седмото место.

Од луѓето кои тогаш беа во првите десет со него, сите веќе ја завршија својата кариера – последен што тоа го направи беше Рожер Федерер во септември оваа година.