четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рио брутален: Еден од Јунајтед требаше многу порано да си оди, еден целосно се загуби со Оле

Рио брутален: Еден од Јунајтед требаше многу порано да си оди, еден целосно се загуби со Оле

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, отворено признава дека Ентони Марсијал се загубил под раководство на Солскјер овие неколку сезони.

Фердинанд стравува дека Ентони Марсијал со ваква форма, нема никогаш да го извади најдоброто од себе, додека спротивно од неговото тврдење, Мајкл Керик кој му е помошник на Солскјер, го тврди спротивното.

„Во изминатиот период Марсијал назадуваше, особено откако Солскјер е тренер на Јунајтед, тој едноставно е непрепознатлив. Би сакал да верувам дека ќе направи пресврт со оваа форма“.

Тој го прокоментира и често повредениот Фил Џонс.

„Џонс е играч кој имаше премногу повреди изминатиот период, јас бев во ист тим со него, тој дојде како перспективен играч од Блекбурн, имаше огромен потенцијал, ветуваше многу, но повредите не му дозволија да направи кариера, му ја уништија самодовербата. Тој сметам дека требаше да си замине уште пред неколку сезони, дури и пред да си замине Смолинг. Во 2019 година, Јунајтед му понуди четири годишен договор, несфатлив потег за мене. Во минатото моравте да „гризете“ на терен за да добиете нов договор“, порача Рио Фердинанд.