недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, го потврди домаќинот на Светското првенство во 2034 година.

Првиот човек на ФИФА откри дека домаќин на Светското првенство во 2034 година ќе биде Саудиска Арабија, откако Австралија се откажа од кандидатурата.

„Фудбалот го обединува светот како ниеден друг спорт, а Светското првенство е совршен пример за порака за единство и инклузија, како и пример за тоа како различни култури можат да соработуваат и да научат подобро да се разбираат. Живееме во поделен и агресивен свет, а фудбалот уште еднаш покажува дека како најпопуларен спорт во светот обединува како никој друг“, напиша Џани Инфантино на социјалните мрежи.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, додека Светското првенство во 2030 година ќе го организираат Шпанија, Португалија и Мароко.

Иако Австралија требаше да биде домаќин во 2034 година, тамошната федерација во последен момент се откажа од официјалната кандидатура, па Блискиот Исток повторно ќе биде домаќин на престижната светска манифестација по Катар минатата година.