понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Штип домаќин на меѓународен фестивал за млади пијанисти

Штип домаќин на меѓународен фестивал за млади пијанисти

Штип денеска и утре ќе биде домаќин на првиот фестивал за млади пијанисти кој има меѓународен карактер. На фестивалот ќе настапат млади пијанисти – победници на многу интернационални пијанистички натпревари, а воедно и прворангирани во различни дисциплини на Golden Piano Talents – онлајн натпревар на кој учествуваа над 300 пијанисти од сите континенти. Фестивалот ќе се одржи во уметничката галерија „Безистен” во Штип.

На фестивалот ќе настапат ученици од Велика Британија, Чешка, Полска, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора и Албанија, а ќе настапат и пијанисти од нашава земја.

Претседателот на Здружението за културен развој и едукација Марија Максимова истакна дека по две пандемиски години, фестивал со физичко присуство во Штип е од огромно значење за градот и граѓаните.

-Основната идеја за организација на фестивал од ваков тип беше да направиме нешто за градот, односно музички настан на интернационално ниво со што би ја приближиле публиката до класичната музика, односно да го приближиме светското музичко наследство до сите љубители на музиката преку промовирање млади одлични пијанисти и на дела за пијано со висока уметничка вредност. Воедно, фестивалов ќе претставува подиум и поттик за понатамошна работа на младите пијанисти, како и дружба, мотивација и разменување на искуства меѓу пијанистите и менторите од различна возраст и националност, рече Максимова.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат пет рецитали и два концерта. Првиот ден ќе се одржат рецитали на учесници од Романија и Албанија. Вториот ден со рецитали ќе се претстават учесници од Шпанија и од Србија.

Истиот ден концерт ќе одржат младите македонски пијанисти кои настапија на истоимениот онлајн натпревар, а вечерта во 20:30 ќе се одржи Големиот церемонијален концерт на кој ќе настапат победниците од сите дисциплини и тогаш ќе се врачат медалите, плакетите, дипломите и паричните награди на младите пијанисти и нивните ментори. Организатор на фестивалот „Golden Piano Talents’ e Интернационалното здружение за културен развој и едукација „Арт фест“.