четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Софија Куновска до Заев: Дечко, ај не шири демагогии туку прво престани да пушиш во работни простории

Софија Куновска до Заев: Дечко, ај не шири демагогии туку прво престани да пушиш во работни простории

Од начинот на работа на премиерот Зоран Заев има големо незадоволство кај многумина, а меѓу нив и многу членови на неговата партија.

И екс пратеничката од редовите не СДСМ и поранешен главен оперативец во Градската организација Скопје на партијата, своето незадоволство од лидерот на СДСМ и премиерот на Македонија го изрази на социјалните мрежи, повикувајќи го Заев да престане да шири демагогија, туку да ги спроведува законите во кои тој се колне.

-Дечко, ај не шири демагогии туку прво престани да пушиш во работни простории.Еден закон за пушење не почитувате, камо ли друго. По тебе и сите останати. Се крстат европјаните кога ве гледаат. Тоа ли се европски вредности и европски навики? Ти не можеш себе во Европа да се однесеш, а не па нас, напиша Куновска на Фејсбук.

Најнови вести