среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајна несреќа кај делчевското село Бигла

Сообраќајна несреќа кај делчевското село Бигла

Поради сообраќајна несреќа кај делчевското село Бигла сообраќајот на магистралата А3 која е дел од патот Делчево – Македонска Каменица во моментот се одвива со насоки од страна на сообраќајната полиција.

Во несреќата учествувале две возила голф и сеат, а во истата, според очевидци, нема повредени, информација која ја потврдија и од полицијата.

Се работи на расчистување на теренот и утврдување на причините за несреќата. Апелираа до сите кои се движат на магистралата А3 и споменатиот правец на почитување на сообраќајната сигнализација и намалување на брзината кај споменатата делница.