четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Спортисти, манекени, менаџери: Сите дечковци на Цеца Ражњатовиќ

Спортисти, манекени, менаџери: Сите дечковци на Цеца Ражњатовиќ

Веста дека Цеца и Богдан Срејовиќ раскинале, ги изненади сите. После една година љубов, парот одлучил да стави точка на врската, а причината за тоа наводно, емоциите исчезнале.

– Повеќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крај на животот – соопштиле бившите партнери.

Богдан бил втор дечко кој Цеце јавно го покажала, откако во 2001. година останала вдовица бидејќи нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ бил убиен.

Жељко и Цеца биле во брак 6 години, а пејачката секогаш истакнувала дека никој и никогаш нема да го сака како него.

Иако околу пејачката честопати се зборувало за новите љубови, поврзувајќи ја со Владо Вуксановиќ. Андреја Кулунџија но и со манекенот Александар Јовановиќ, таа никогаш не го потврдила тоа.

После Владо, единствено во јавноста само Богдан го претставила како нов дечко. Нивната љубов траела една година.