среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: 1,6 милиони прегледи – тиктокер на хумористичен начин опишал како изгледа еден ден на море во Хрватска: „Се топи како сладолед“

ВИДЕО: 1,6 милиони прегледи – тиктокер на хумористичен начин опишал како изгледа еден ден на море во Хрватска: „Се топи како сладолед“

Хрватскиот тиктокер којшто објавува видеа од профилот „@don_sony“ се пошегувал во видео покажувајќи како изгледа еден обичен ден на море, а видeoто со брзина на светлината станало вирално.

Тиктокерот на почетокот на видеото во раката држи банкнота од 100 евра со која го започнува својот фиктивен ден на море во 9 часот наутро.

Само два часа подоцна тој во раката држи 50 евра, а еден час подоцна „паднал“ само на 20 евра. Во 12 часот и 30 минути во раката му останале само 10 евра, а во 13 часот за летното уживање на море му останале само две евра.

Видеото добило 1,6 милиони прегледи и повеќе од 40.000 допаѓања, за само четири дена откако било објавено.

@don_sony Običan dan na moru 🔥🏝️ #croatia #more #balkan #tiktok #hrvatska #nijeskupo #pare #euro #fyp #funny #obala ♬ Makeba – Jain

„Се топи како сладолед“

„Тоа е за едно лице“, коментирал некој тиктокер, додека друг напишал: „Во 13 и 5 часот дома“.

„Вистина е така“, „Така ми е мене секојдневно, се топи како сладолед“, „Убаво е да останеш дома“, пишувале другите тиктокери во коментарите.

„Доколку заспиеш на плажа ќе заштедиш 50 евра“, се пошегувал некој друг, а трет додал: „Гледаш, добра идеја ти е ова“.