Видео

Алегри: Му требаше на Дибала ваков меч за да ја врати самодовербата

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, беше задоволен од победата (2:0) над Џенова и обезбеденото четвртфинале во италијанскиот фудбалски куп. Алегри го радува и настапот на Пауло Дибала, велејќи дека на Аргентинецот му е беше потребен погодокот за да ја поврати неговата самодоверба.

– Одигравме добро и ја остваривме целта, пласман во четвртфиналето. Дибала се претставил на исто ниво како и целиот тим. Сите сакаме да го видиме стариот Дибала. Му требаше ваков натпревар и верувам дека ќе ја врати самодовербата. Не дека тој беше во голема криза, ама се чувствуваше дека не е како што треба. Тој треба да почне да работи поедноставно. Не мора да се обидува да се докажува на секој натпревар. Така само ја зголемува тензијата над себе, рече Алегри.

Во четвртфиналето од Копа Италија, Јуветус ќе игра со градскиот ривал Торино.