понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Вест Хем ја продлабочи кризата во Манчестер Јунајтед

Вест Хем ја продлабочи кризата во Манчестер Јунајтед

Вест Хем ја продлабочи кризата во Манчестер Јунајтед, откако ги порази „црвените ѓаволи“ со 3:1 на својот стадион „Лондон“.

„Чеканите“ ги искористија своите ситуации, додека противникот дефинитивно покажа дека атмосферата во тимот не е воопшто добра, играа без расположение, а тензиите врз Жозе Мурињо сега ќе станат сѐ поголеми.

Домаќините поведоа со два гола до паузата, а иако неизвесноста се врати со гол на гостите на дваесет минути пред крајот, домаќините си го загарантираа успехот со нов гол и така веќе имаат 7 поени, додека Јунајтед останува со 10 на табелата во премиер лигата. (МИА)