И покрај трите бремености што ги имаше, Кејт Мидлтон успеа да ја зачува витата фигура, а после секоја од нив, таа во рекорден рок ја вратила својата линија.
За разлика од нејзината сестра Пипа, војвотката од Кембриџ, не е склона да вежба, но неактивноста во оваа област, Кејт ја дополнува со строгата диета која вклучува сурова, високо-протеинска храна со минимална количина на јаглени хидрати и повремено десерт.
Покрај личните ограничувања на Кејт кога станува збор за храната, како членка на кралското семејство забрането и е да јаде одредени работи, но тоа не ја спречува да експериментира со храната.
Кејт, наводно, за да изгуби тежина пред свадбата прибегнала кон диета која се состои од протеини,зеленчук, овошје и леб од цели зрна од пченица. Таа е исто така голем љубител на сурова храна, која вклучува различни јадења без термичка обработка.
Меѓу омилените специјалитети и е сурова риба која се маринира во сок од лимон и други зачини, салата од лубеница, гаспачо,гоџи бобинки и бадемово млеко.Суровата храна, наводно, ја јаде најмалку еднаш неделно, со цел, покрај беспрекорната фигури, да го одржи и сјајот на кожата.
Како што веќе истакнавме, Кејт не се плаши да експериментира со храната која на прв поглед можеби звучи и изгледа невообичаено. Така при посетата на Канада
вкусила различни егзотични јадења, кои не би се допаднале на секое непце.
Токму таму, меѓу другото, открила дека, како и повеќето англисчани и таа е голем љубител на зачини, а нејзиниот омилен додаток е кари.
Иако Кејт сака да се држи до стриктна диета, често се почестува си празнично посластици кога ќе има можност. На нејзиното мени често можат да се видат десерти како Божиќен пудинг со путер и Божиќна овошна торта.
Десертите обично следеле по салата со ракчиња и јастози, печена мисирка и скара. Сепак, Кејт не мора да се грижи за себе и за тоа што ќе го јаде туку има приватен готвач кој и ги исполнува сите желби.
За разлика од неа, сопругата на принцот Хари, Меган Маркл е вешта во кујната, а при славењето на првиот заеднички Божиќ со Елизабета II, Кејт успеала да подготви домашен ајвар за кралицата.