Професорот Димитар Апасиев напиша статус на Фејсбук поврзан за референдумскиот ден. Според податоците кои ги објави ДИК за излезноста до 18:30 часот, која изнесува 34,09 проценти од 84.33 проценти обработени избирачки места се повеќе станува јасно дека референдумот нема да успее.
-Коа ви викавме боље Уставен да ви го поништеше, бар немаше вака да се БЛАМИРАТ #ЦиркаЕднаТретина #ОставкатаЕЕвропскаВредност, напиша Апасиев на Фејсбук.