вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стотици илјади евра во пламен: Уништен пленот на криумчарите на „бело злато“ (ФОТО)

Стотици илјади евра во пламен: Уништен пленот на криумчарите на „бело злато“ (ФОТО)

Властите на Мјанмар во главниот град Нејпјидоу запалија конфискуфани слонови коски, како и други делови од диви животни, за да ја подигне свеста за споревување на законот за илегалната трговија со фива флора и фауна.

Чадот и пламенот се надвиле низ градот, а властите испратиле јаснапорака дека и во иднина ќе се борат силно против криволовот поради кој страдаат илјадници недолжни животни, најмногу слоновите.

Инаку, слоновите коски на црниот пазар можат да достигнат цена и до 7.000 евра за килограм, па поради тоа го има и епитетот „бело злато“.

И покрај забраната и се помалиот број на слонови, крумчарењето на коските е трето по рентабилност, по дрогата и оружјето.

Деловите од телата се барани како украсни предмети и се користат во традиционалната медицина, особено во Кина.

Криумчарењето на коските, вадењето на златото, илегалните „чекори“ на природните ресурси и други кривични дела се 38 отсто од приходите со кои се финансираат конфликти и вооружени групи, се наведва во неодамшено објавено истражување на Интерпол.

Групите од организиран криминал се занимаваат и со трговија на слоновите коски од Африка и роговите од носорог кои се продаваат во Азија за користење во традиционалната медицина, а во извештајот на Интерпол се нагласува дека 165 милиони долари заработени со таквата трговија се само мал дел од нивните собрани приходи.