вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Исчезнати две девојки од Гостивар и Грчец- едната ја нема 20 дена

Две девојки на возраст од 20 и 26 години вчера се пријавени за исчезнати. Се преземаат мерки за двата случаи.
Исчезнати две девојки од Гостивар и Грчец- едната ја нема 20 дена

На 15.01.2018 година во Полициската станица Гостивар, А.Ф. (42) од Гостивар, пријавил дека на 14.01.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Ј. (20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Исто така во текот на вчерашниот ден во 11.30 часот во Полициското одделение Сарај, Р.А. (73) од село Грчец пријавил дека пред околу 20 дена од семејниот дом во с.Грчец во непознат правец се оддалечила неговата внука П.Н. (26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Најнови вести