Вчера во 17:30 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Чифлик и Ларце во месноста „Воденица“, полициски службеници пронашле ранец во кој имало четири до пет килограми марихуана.
Ранецот бил оставен на гранка од дрво, а марихуаната била спакувана во најлонски кеси.
Извршен бил увид на местото на настанот, а пронајдената марихуана е подигната и предадена за вештачење.
Се работи на целосно расчистување на случајот.