недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кејт Мидлтон убава како секогаш, но со овие парчиња од Дајана, блесна во полн сјај (ФОТО)

Кејт Мидлтон убава како секогаш, но со овие парчиња од Дајана, блесна во полн сјај (ФОТО)

Откако ѝ заврши породилното отсуство на почетокот на октомври, Кејт Мидлтон се врати на сите официјални кралски должности.

Таа во вторникот присуствуваше на банкет во Бакингемската палата, а беше облечена во син сирена-фустан, креација на Alexander McQueen.

Во комбинација со многу накит и омилената тијара „Lover’s Knot“, која припаѓала на принцезата Дијана, војвотката од Кембриџ остави впечаток на принцеза од бајките, која многумина ја споредуваа со Пепелашка.

Кејт прво била забележана како доаѓа со автомобил, а иако не се гледал нејзиниот аутфит, таа привлекла внимание со луксузниот накит кој светкал на неа.

Според изворите, ланчето кое таа го носела на настанот, претходно го носела мајката на кралицата Елизабета, а бисерните обетки исто така припаѓале на принцезата Дијана.

Најнови вести